Со интонирање на „Џелем, Џелем“ химната и истакнување на знамето ромската заедница пред седиштето на општина Гостивар, започнаа активностите за одбележување на 8 април Меѓународниот ден на Ромите.
Во салата на советот на општината се одржа и академија посветена на празникот на која се обрати и градоначалникот Арбен Таравари кој ја истакна заложбата на локалната власт за интегрирање на ромите во локалната заедница.
– Ромите во нашата општина се четврта по бројнист заедница и се битен чинител во соживотот кој владе во неа. Како локална самоуправа спроведуваме заеднички активности и имаме редовни контакти кога станува збор за проекти важни за ромите. Можам слободно да кажам дека сме пример кој треба да се следи, бидејќи ромите се интегрирани како во ниту еда друга општина, рече Таравари.
Членот на советот на општина Гостивар, Кашмир Салију од редовите на Демократскиот сојуз на ромите во обраќањето ги критикуваше досегашните политики опфатени со декадата на ромите и стратегијата, за кои како што рече не придонеле многу за подобар живот и интеграција на ромите во земјава.
Програмата за прослава и одбележувањето на Денот на ромите во Гостивар ќе биде дополнето со повеќе културно-забавни активности во попладневните и вечерните часови.