Во Гостивар формиран мобилен тим за помош на возрасни лица за набавка на продукти и лекови

Од:

Општина Гостивар формира мобилен тим кој ќе ги обиколува домовите на постарите и изнемоштените лица и ќе им ја обезбеди потребната помош за набавка на прехрамбени продукти, средства за хигиена или лекови, соопшти градоначалникот Арбен Таравари по состанокот на локалниот Кризен штаб.

Лицата од подрачјето на гостиварската општина кои ќе имаат потреба од денеска ќе можат да се јават и да контактираат на телефонските броеви: 072 577 713 и 072 577 741.

– Заради настаната ситуација и со цел да се избегнува непосреден контакт со останати лица и да не се изложуваат на дополнителна опасност, сите возрасни лица над 60 години на територијата на Општина Гостивар, кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, ќе им се помогне преку мобилниот тим. Тоа е во склад со мерките и за да се обезбеди поголема колективна безбедност и превенција од вирусот COVID-19 (Коронавирус). Општина Гостивар нема да дозволи оваа вонредна околност да ги погоди најранливите групи, рече Таравари на днеешната прес конференција.

На прес – конференцијата присуствуваа и градоначалниците на општините Врапчиште и Боговиње со кои како што нагласи ќе биде во чест конткат и заедно ќе ги координираат натамошните активности.

Како дел од мерките кои локалната самоуправа ќе ги спроведува се и дезинфекција на училиштата, за што е поведена и постапка, а засилено ќе се работи на комуналната хигиена.

Општина Гостивар, со цел да ги почитува општите препораки, Таравари апелираше до сограѓаните да ја посетуваат административната зграда на Општината само за предмети кои се итни и нема можност да се пролонгираат.

Сите други предмети ќе се работат по добивање нови препораки од страна на Владата и Министерството за здравство.

Запрашан за евентуалното воведуавње вонредна состојба на територијата на државата, тој нагласи дека според неговите сознанија, одлуката најверојатно ќе биде донесена вечерва.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат

Тошковски: Водата во Гостивар сè уште не е за пиење, испитувањата ќе бидат почести