Во Гевгелија наврнаа 42 литри дожд

Од:

Најмногу дожд, 42 литри на метар квадратен,  во изминатото деноноќие се регистрирани во Гевгелија, 38 во Пожар, 36 во Струмица, 35 во Демир Капија, 24 во Битола, 20 Ѓуриште и Штип, 19 во Крушево,17 во Маврово и Виница, 16 Прилеп, 15 Берово, 14 во Пожаране и Тополчани, ..., соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во седум часот изутрина висината на снежната покривка во лазарополе изнесува 13 сантиметри, во Маврово 11, а во Крушево шест. 

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Повеќе врнежи се очекуваат во северните и источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен  правец. Максималната. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степена.

Во Скопје  ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен  правец.Температурата ќе достигне до 10 степени.

Утре ќе има извесно стабилизирање на времето, а за викендот повторно се очекуваат врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат обилни.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он