А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Гевгелија наврнаа 23 литри дожд

by А1он27/03/2015 - 08:3786
Share0

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во изминатите 24 часа регистрира најмногу дожд на територијата на Гевгелија каде се наврнати 23 литри дожд на метар квадратен. Во Дојран наврнаа 13 литри на метар квадратен, 12 во Крушево, 10 во Битола, 9 во Штип,  по 7 во Крива Паланка и  Маврово, по 6 во Берово, Струмица, Виница и Пожаране,….

Следете a1on на Instagram Instagram

Највисока снежна покривка од 43 сантиметри има на Маврови Анови.

Во седум часот изутрината минималните температури  во цела држава се над нулата.

УХМР за денеска најавува облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температурата ќе биде во интервал од 9 до 13 степени.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Облачното време со врнежи од дожд ќе продолжи и утре. Од пладне врнежите ќе престануваат. Вкупните количества на воден талог во западните и југоисточните делови од земјата ќе надминуваат и 30 литри на метар квадратен. Во недела времето ќе биде променливо облачно. До понеделник утринските температури ќе опаѓаат, а дневните ќе бидат се повисоки, па во средината на работната недела на југоистокот на земјата температурата ќе достигнува и до 20 степени.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто