Во Делчево одржан меморијалниот натпревар во спортски риболов „Сандански 2020″

Од:

Во Делчево се одржа меморијалниот натпревар во ловење крап „Сандански 2020″. Настанот го организираше Спортско-рибиловното друштво „Брегалница“, а на истиот учествуваа спортски риболовци од Делчево и околните места.

– Во рамки на Меморијалниот натпревар во ловење крап кој се одржа на езерото Сандански првото место му припадна на Мехмет Оџов, со втоеа награда се закити Ванчо Стојмирски, додека третото место му припадна на Горанчо Ќурчиски. На останатите учесници им посакуваме повеќе среќа следната година, истакнаа од СРД „Брегалница“.

Организаторите упатија огромна благодарност до семејството Захариеви кои ги обезбедија наградите.

-Настанот го организиравме во чест на нашите покојни членови кои беа пасионирани спортски риболовци, поради што искрено упатуваме благосарност до семејството Захариеви, додадоа од СРД „Брегалница“.

За останатите учесници организаторот обезбеди благодарници за нивното учество на Меморијалниот натпревар во спортски риболов.

Би можело да ве интересира

Акумулацијата Стрежево порибена со 6.000 единки крап и пастрмка

Ана Ололовска

Бабовски: Нови средства за инвестиции во развој на домашното рибарство и аквакултурата

Ана Ололовска

На Дебарско Езеро во сила забрана за риболов на клен и скобал, а следува и на крап и мрена

А1он

МЗШВ: Донесени забрани за риболов заради непречен природен мрест на рибите

Ана Ололовска

Бабовски: На располагање нови средства за поддршка на рибарството и аквакултурата

Ана Ололовска

Бабовски: Почна аплицирањето за добивање финансиска поддршка за порибителен материјал

Ана Ололовска