Во Дебарско запишани над 300 првачиња

Од:

Во општините Дебар, Маврово Ростуше и Центар Жупа денеска над 300 првачиња ќе го започнат своето образование.

Во трите училишта во општина Дебар, „Братство единство“ и „Саид Најдени“ во градот и „Ристе Ристевски“ во село Долно Косоврасти, запишани се над 200 првачиња.

Од вкупниот број, 88 првачиња од кои 32 за настава на македонски и 56 за албански наставен јазик се во училиштата „Братсто единство“, во „Саид Најдени“ 40 сите на албански наставен јазик, додека 70 сите на македонски наставен јазик во деветолетката во Косоврасти.

Во основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ запишани се 11 првачиња за настава на македонски наставен јазик, две за настава на албански и 18 на турски наставен јазик.

– Во дветолетката „Неџати Зеќерија“ во Коџаџик и петте подрачни училишта во прво одделение имаме 30 првачиња сите со настава на турски наставен јазик, изјави директорот Абдул Реџеп.

Спорд Илбер Имероски, раководител на Секорот за обрзование во општина Маврово Ростуше, во четирите деветолетки и нивните подрачни училишта запишани се 74 првачиња.

Од управите на училиштата наведуваат дека бројот на првачињата е речиси на исто ниво од лани.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари