Во Дебар по еден месец регистриран нов ковид случај

Од:

По точно еден месец, вчера во Дебар регистран е еден случај на заразен со Ковид-19. Станува збор за жителка на Дебар, која е со лесна форма на болеста потврдуваат од работната едница на заводот за јавно здравје, која со својата актвност ја покрива и општина Центар Жупа.

Последниот случај беше регистриран на 19 ноември, жител на градот, кој во списокот на оздравени беше внесен на 9 декември.

Од почетокот на пандемијата, во двете општини вкупно 1 457 лица биле позитивни на опасниот вирус, а починале над 80 од нив.

Во меѓувреме дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Житинани, општина Центар Жупа, за нестапување по решение за задолжителна изолација.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Р.Ѓ(23) од селото Житинени, општина Центар Жупа. При контрола извршена на први овој месец полициски службеници утврдиле дека тој не се наоѓа во неговиот дом, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Р.Ѓ., додава, не се придржувал до решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат за задолжителна изолација како заштитна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава