Во Дебар нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19

Од:

Во последното деноноќие, во Дебар, регистриран е нов негативен рекорд од 32 новозаразени што е највисока бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата на ова подрачје. Во исто време починато е едно лице на 54-годишна возраст, жител на градот, а во списокот на оздравени се внесени седум лица.

-Ова е последователна висока бројка на новозаразени, по онаа на 18-ти месецов кога беа регистрани 30 нови случаи. Само во текот на овој месец опасниот вирус е потврден кај 301 лице од општините Дебар и Центар Жупа. За жал во последното деноноќие, како последица од Ковид-19 почина едно лице жител на Дебар, што е 11-та жртва овој месец. За среќа во списокот на оздравени внесени се седум или 116 овој месец, потврдуваат од Општата болница со проширена дејност во Дебар

Во оваа установа хоспитализирани се 33 ковид пациенти, од нив 33 на кислородна подршка.

-Поради влошена клиничка слика во последното деноноќие на понатамошен третман во здравствени станови во Скопје пренесени се двајца пациенти, со што во установи таму сега имаме петтмина наши сограѓани. На дневна терапија тука кај нас се 20 пациенти, додаваат од болницата.

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кое со здравствена заштита ги покрива дебарската болница, а каде првите случаи беа потврдени на крајот од февруари минатата година, досега потврдени се 1.276 случаи со Ковид-19, моментно активни на болеста се 219, додека починале шеесеттина лица.

Би можело да ве интересира

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја