Во Дебар и Центар Жупа ќе се издаваат пропусници за движење

Од:

Владата донесе одлука за воведување на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа со цел прекин на ширењето на корона вирусот. Од таа причина Центарот за управување со кризи одлучи заради регулирање на движењето и работата во подрачјето зафатено со кризна состојба, на учесниците во Системот за управување со кризи, како и на учесници од меѓународни и други организации и институции, да им се издава одобрение – пропусница.

– Се известуваат сите Субјекти од Системот за управување со кризи и други субјекти кои спроведуваат мерки и активности, а се поврзани со потреба од движење и работа на подрачјето каде е прогласена кризна состојба, дека Центарот за управување со кризи ќе започне со примена на оваа законска одредба и ќе издава Пропусници, започнувајќи од 23 март 2020 година, од 17:00 часот, соопштија од ЦУК.

Од ЦУК наведоа дека барањата за пропусница да се доставуваа на следната е-маил адреса: [email protected]. Во барањето потребно е да се наведат следните податоци:тип на барател (физичко или правно лице), име и презиме на барател/носител на пропусницата, адреса на барателот, подрачје на движење за кое се однесува барањето, датум на поднесено барање и датум на важност на пропусницата.

Би можело да ве интересира

Во Дебар воведени рестрикции на вода

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ