Во Дебар двајца новозразени, само овој месец 25 лица

Од:

Во последното деноноќие во Дебар новодијагностицирани со Ковид-19 се две лица, со што само во изминатите денови од овој месец бројот изнесува 25.

Во просек дневно се регистрираат по двајца новозаразени.

Во последното деноноќие нема оздравени, но ни починати лица. Во изминатитите денови од овој медец починале двајца пациенти или осум од почетокот на пандемијата, а оздравеле девет или 91 од вкупно заболените досега.

Според надлежните од крајот на февруари кога болеста се појави во ова подрачје направени се над 1.100 тестови, позитивни се 223, дури 90 отсто од нив во Дебар, останатите во Центар Жупа.

Во првата фаза од болеста беа регистрирани 51 заболен, од нив четворица починаа. Останатите 172 заразени се од втората фаза односно од петти јуни до денес.

И во втората фаза битката со опасниот вирус ја загубиле четири лица. Активни на болеста се 124 лица.

Би можело да ве интересира

Во Скопје 598 заразени лица, 51 нов случај денеска

А1он

183 нови случаи на Ковид-19, петмина починати

А1он

Извештај на ИЈЗ: Зголемен број тестирања, новозаболени и починати

Ана Ололовска

Пресметајте ја вашата ковид-возраст: Национална методологија за проценка на ризик од коронавирус кај работниците

Ана Ололовска

За неносење маски 746 казни во изминатото деноноќие

Ана Ололовска

Филипче: Да не дозволиме да се преполнат болниците- системот не може без граѓаните, сите сме важни во овој процес

Ана Ололовска