Со кренато знаме на ромскиот народ, Владата го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

Од:

Пред зградата на Владата денеска, во чест на Меѓународниот ден на Ромите се виори знамето на ромскиот народ и во меѓувреме започна испораката на 450 примероци од Речникот на ромски јазик и 800 примероци од Граматиката на ромски јазик на 14 општини, информираат од Владата.

Согласно Одлуката на Владата донесена на 59-тата седница, генералниот секретар Мухамед Зеќири, по повод одбележувањето на овој ден, ја започна постапката за отстапување за трајно користење на 450 примероци од Речникот на ромски јазик и 800 примероци од Граматиката на ромски јазик на 14 општини во Република Северна Македонија.

Примероците на Граматиката на современиот ромски јазик и Речникот на ромски јазик како темелници на јазичната култура и наука на ромската заедница се испорачуваат на локалната власт во општините: Шуто Оризари, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Пехчево, Куманово, Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола, Велес и Крива Паланка.

Овој ден се одбележува по повод одбележувањето на јубилејот, 50 години од одржувањето на Светскиот конгрес на Ромите, 31 година од прогласувањето на 8 Април за Меѓународен ден на Ромите од страна на Обединетите нации и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на нашата земја.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска