Во Чаир ќе се гради споменик на жртвите од Сребреница, Меџити, Ганиу и Муминовиќ го најавија од Босна

Од:

Пратеникот од ДУИ, Изет Меџити, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и претседателот на Унијата за демократија, Рафет Муминовиќ, од Босна и Херцеговина најавија дека во Чаир ќе се гради споменик посветен на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Меџити, Ганиу и Муминовиќ денес го претставиле проектот за изградба на меморијален споменик посветен на жртвите пред Шефик Џаферовиќ, член на претседателството на Босна и Херцеговина. Босанските медиуми јавуваат дека меморијалниот споменик ќе биде поставен на територија на скопската општина Чаир.

Џаферовиќ, според медиумите, бил благодарен што на овој начин гостите од Македонија покажале дека ќе дадат свој придонес во чување на сеќавањата на жртвите на геноцидот во Сребреница. Тој смета дека сите во регионот треба да ги прифатат пресудите на меѓународните судови за геноцидот во Сребреница оти вистината и правдата се единствен здрав темел на чија основа може да се обновува довербата и да се гради подобра иднина.

Меџити, Ганиу и Муминовиќ се недостапни за да објаснат чија е идејата во Чаир да се постави ваков споменик, дали, освен тоа што имаат веќе готов проект за споменикот, е донесена одлука во Собранието или во Општина Чаир за изградба на меморијален споменик и каква е поврзаноста на Чаир со жртвите во Сребреница.

Во 1995 година во Сребреница, во само неколку дена беа убиени 8.372 мажи и момчиња, закопани во масовни гробници.

Би можело да ве интересира

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

Прободе дете во Чаир, но нема да одговара кривично – има 13 години

Горан Наумовски

Марта Кос со порака до Србија за погребот на Ратко Младиќ: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски