Во центарот на Кочани од утре ќе се наплаќа паркинг

Од:

Одлуката на Советот на општина Кочани да се наплаќа за паркинг во градското подрачје од утре почнува да се применува.

Цената на паркирањето ќе изнесува 10 денари на час, а ќе се користат паркинг просторите пред Собранието, од девете страни на улицата „Маршал Тито“ и „Кеј на Револуцијата“ до Поштата, кај Трговскиот центар, зад „Стопанска банка“ и по улицата „Димитар Влахов“.

– Со паркиралиштата за првите три месеци, додека трае пробниот период, ќе стопанисува Комуналното јавно претпријатие „Водовод“. Овие паркинг простори се определени за ставање ред во паркирањето на најфреквентните места во градот и онаму каде што паркирањето пречи во одвивањето на нормалниот сообраќај. Од акцијата очекуваме и економски бенефит, истакна на денешната средба со новинарите градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Со првобитната одлука беше определено да се наплаќа за паркирање од двете страни на Кочанска река, од зградата на општината до Поштата и до населбата Стришани, и тоа да го прави приватна фирма со јавно-приватно партнерство.

На одлуката на Советот на општина Кочани за плаќање на паркинг реагираат граѓаните кои собираат потписи и бараат поништување на одлуката на Советот. Кочани ќе биде прв град во Источна Македонија каде ќе се наплаќа паркинг.

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он