Во болница во Куманово донесено десетмесечно бебе затруено со лекови

Од:

Десетмесечно бебе вчера било донесено во Општата болница Куманово со симптоми на труење со лекови, потврдија од СВР Куманово.

– Вчера во 11:40 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено десетмесечно бебе од Куманово, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител, соопшти СВР Куманово.

Од болницата потврдуваат дека бебето е во добра здравствена состојба.

СВР Куманово работи на расчистување на случајот, кој е втор за неполни две недели.

На 22 јули годинава имаше сличен случај кога едногодишно дете од липковското село Отља исто така беше затруено со лекови.

Би можело да ве интересира

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

Бактерии пронајдени во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае

Предраг Петровиќ

Германија сака да биде центар за производство на лекови

(ВИДЕО) Драма во средно училиште во Италија: Протекла непозната супстанца во воздухот, има затруени

Горан Наумовски

Родители на деца со симптоми на труење велат јаделе пилешки стек, АХВ времено затвори седнвичара во Штип

Одреден и е притвор на мајката која го остави своето бебе до контејнер во Земун