А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Битола се одржа традиционалниот натпревар „Вешта жена 2018“

by А1он26/03/2018 - 12:01490
Share0

Викендов во Битола се одржа традиционалниот општински натпревар „Вешта жена“ на кој учесничките се натпреваруваат со свои кулинарски вештини, рецепти и уредување на трпеза.

Следете a1on на Instagram Instagram

Годинава во најтесен избор за победник на натпреварот беа Гордана Стојковска, Билјана Наумова, Андријана Петровска, Соња Богдановска и Наташа Гулабовска-Георгиевска, која го освои првото место и обезбеди учество на државниот натпревар „Вешта жена“ кој ќе се одржи на 12 мај во Тетово.

– Натпреварот беше интересен и посетен, како што тоа се случува во изминатите 22 години. Битолчанки повторно ги презентираа своите кулинарски вештини, а наградата „Вешта жена“ за 2018 година заслужено и припадна на Наташа Гулабовска-Георгиевска која своите кулинарски производи ги наслови „Барок“, информираа од организацискиот тим.

Со одлука на организаторот, за традиционалната поддршка на манифестацијата и за постигнати резултати во професијата наградени беа просветниот работник Лидија Павловска, Габриела Гулевска од секторот медицина и Цана Митровска претставничка на бизнис секторот.

Следете a1on на Youtube YouTube
bitola

Би можело да ве интересира

Се бара притвор за насилникот од Битола: ја давел, ја удирал со тупаници и шлаканици

Катерина Ѓуровски17/11/2026 - 10:21

Битолчанецот пријавен за семејно насилство се предаде во полиција

Катерина Ѓуровски16/11/2026 - 13:16

Две девојчиња повредени, пожар и искршени дрвја од силниот ветер во Битола

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 13:59

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он31/10/2026 - 15:3631/10/2026 - 16:48

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

Горан Наумовски14/10/2026 - 15:25

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ06/10/2026 - 20:4706/10/2026 - 20:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео