Во Битола откриена Спомен плоча врз столбовите на некогашната Синагога „Кахал Португал“

Од:

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и амбасадорот на Државата Израел во Република Македонија Дан Оријан денеска открија Спомен плоча која е поставена врз столбовите на некогашната Синагога „Кахал Португал“ во Битола.

Сочуваните столбови кои долги години се поставени на влезот на паркот за деца во битолскиот Градски парк претставуваат големо недвижно наследство, кое со денешниот свечен чин е спасено од заборавот, беше истакнато на денешниот настан во Битола.

– Битола е градот кој со векови, до Втората светска војна, беше дом на голема и активна Еврејска заедница. Денес погледнуваме кон минатото и да се завртиме кон иднината со цел да донесеме новини во Битола. Исто така, сакам да кажам дека сме задоволни од тоа што го прави македонската Влада за зачувување на споменот на Евреите од Македонија, но убеден сум дека секогаш може уште повеќе и затоа во Битола ја промовирам соработката со општината, а воедно очекувам меѓусебната соработка да продолжи со скорешна посета на градоначалникот Талески на Израел, рече амбасадорот Оријан.

По повод 20 годишнината од македонско-израелската дипломатска соработка, амбасадорот Оријан и градоначалникот Талески во Градскиот парк засадија дрво на пријателството и мирот кое, како што беше речено, ќе расте во непосредна близина на цврстите столбови од некогашната Синагога.

– Промовираме нов вид на соработка со директни средби кои ќе бидат почести и посветени на културата, економијата и стопанството. Заедничкото минато не обврзува тоа што е запишано во нашата меморија да го испланираме во сегашноста и да градиме подобра заедничка иднина на сите полиња со акцент на културата и новите бизнис инвестиции кои ги очекуваме од Израел, истакна Талески.

Амбасадорот Оријан вечер ќе ја следи изведбата на театарската претстава „Нашиот клас“ во која настапуваат актери од двата водечки театри во Тел Авив, „Хабима“ и „Камери“, проект со кој Израел ја чествува 70 годишнината од Холокаустот.

Би можело да ве интересира

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола