Во Битола одбележан македонскиот ден на крводарителите и Црвен Крст на Македонија

Од:

Општинската организација на Црвен Крст-Битола со повеќе активности го одбележа 17 Март, Денот на крводарителите и Црвен Крст на Република Македонија.

Програмата почна со крводарителска акција на која крв даруваа 152 граѓани, а на Широк Сокак на четири пунктови беше презентирана работата на ОО на Црвен Крст-Битола.

-З адоволни сме од крводарителската акција и искрено се заблагодаривме за хуманоста на сите крводарители. Паралелно со крводарителската акција на Широк Сокак на четири пунктови ја презентиравме работата на ОО на Црвен Крст, на еден пункт ја презентиравме работата на Прва помош, на посебен пункт вршевме бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, а со нашите волонтери ја презентиравме социјално хуманитарната компонента на организацијата. На плоштадот „Магнолија“ ја запознавме јавноста и посетителите со 7-те принципи на Црвениот Крст, а имаше и богата забавна програма, изјави Лилјана Ристевска, претседател на ОО на Црвен Крст-Битола.

Програмските активности на ОО на Црвен Крст-Битола кои ги поддржаа повеќе локални компании ќе бидат заокружени вечер до свечено доделување на посебни награди и признанија на осум битолчани кои досега 50 пати дарувале крв и 21 лице кое 25 пати дарувало крв, потврди Ристевска.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов