Во Белимбегово отворена нова полициска канцеларија

Од:

Во Белимбегово, административниот центар на општина Илинден, од денеска е отворена нова полициска канцеларија, која се наоѓа во просториите на општинската зграда. Целта е да се делува превентивно во делот на безбедноста на граѓаните, но и на бизнис заедницата.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, кој денеска присуствуваше на отворањето на канцеларијата, искажа благодарност за овој чин, и напомена дека Општината во изминатиов период доживува интензивен раст и развој во сите области на живеењето и работењето.

Тој посочи дека отворањето на полициската канцеларија претставува сериозен придонес и поддршка во делот на безбедноста на граѓаните и на бизнис заедницата.

-Би сакал да се заблагодарам што се отвора оваа кацеларија затоа што Илинден во овој период обезбеди просторни услови во делот на општинската зграда. Просториите се целосно опремени за една нормална работа и функционирање, рече Стојановски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на канцеларијата истакна дека станува збор за реализација на нивната стратешка цел, а тоа е да бидат што поблиску до граѓаните.

-Општина Илинден е брзорастечка општина која има значителен економски раст и развој, која што од ден на ден расте и со бројот на жители и со многу случувања на дневна основа. Иницијативата што ја додоа градоначалникот, Советот, но и граѓаните на Илинден, за нас беше доволна за да пристапиме кон реализација на целиот овој проект, и на тој начин да има можност секој граѓанин на Илинден во секое време за било каква потреба да може да ја контактира оваа полициска канцеларија, рече министерот.

Според Спасовски, важно е да се делува превентивно во делот на безбедноста. Тој посочи дека на работниот состанок разговарале во однос на тоа каква е безбедносната состојба, и оценето е дека таа е мирна, стабилна и без индикатори за нарушување. Меѓутоа, како што додаде, тоа им дава само уште повеќе мотивација да продолжат да ја подобруваат безбедносната состојба на територија на општината.

-Секако ќе се прават и дополнителни анализи и доколку има потреба, би се зголемил и бројот на вработените или да се подигне статусот на оваа полициска канцеларија, се со цел граѓаните на Илинден и сите оние граѓани кои доаѓаат секојдневно по нивните потреби да се чувствуваат безбедно. Многу важно за сите нас е безбедноста да се одрази во делот на економскиот развој, рече Спасовски.

Упати апел и до возачите и сите учесници во сообраќајот да бидат претпазливи и да ги почитуваат сообраќајните правила со цел поголема безбедност на патиштата.

– Заедно со Републичкиот совет за безбедност на патиштата имаме акција под мотото „Вози одморен“, бидејќи е период на летни одмори, на голема фрекфенција и многу е важно секој учесник во сообраќајот, посебно возачите, да бидат одморни при возењето. На тој начин да се заштитат самите себе и семејствата и граѓаните, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник

Предраг Петровиќ