Во април „Алфите“ легитмирале 1.073 лица, а привеле 279

Од:

Припадниците на Единицата за борба против криминалот “алфа“ во текот на минатиот месец при редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 1.073 лица, преглед на 103 возлиа, а по разни основи приведени се вкупно 279 лица.

Како што соопшти МВР, по основ на телеграма биле приведени 33 лица, по основ на потраги, наредба од Основен суд 37 лица, 33 лица се приведени под сомнение за извршено кривично дело, за извршено кривично дело 51 лице, 13 лица се фатени во вршење на кривично дело, а 11 лица за издржување казна затвор.

Вкупно 18 лица се приведени поради нарушувања јавен ред и тоа за учество во тепачка седум, шест за физички напад и пет за нарушен јавен ред и мир.

Три лица биле приведени со оружје, 56 заради поседување опојни дроги, 15 лица се приведени со моторно возило, а со моторцикл без документација пет лица.

Алфите асистирале при вршење претрес на дом и други простории во девет случаи. Предадени на сообраќајна патрола биле 18 лица.

Би можело да ве интересира

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

По формирањето нова Единица за интервентна полиција, ќе менуваат ознаките на униформите

„Алфите“ спасија маж од водите на Вардар

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Алфите“ одбележаа 14 години постоење

Ана Ололовска

„Алфи“ го привеле возачот на Али Ахмети

Наум Локоски

Командантот на “Алфите“ на распит во судот за “Тортура“