Во АХВ досега евидентирани 9.200 домашни миленици

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува сопствениците на миленици дека е во тек кампањата за микрочипирање на кучиња и мачки.

Кампањата ќе трае до 31 март идната година. Обезбедени се 100.000 бесплатни микрочипови, а донацијата е по принципот „прв дојден, прв услужен“.

– Сопствениците на миленици да ја искористат оваа можност, да ја исполнат својата законска обврска и да го идентификуваат својот миленик со микрочип, апелира АХВ.

Откако ќе се потрошат бесплатните микрочипови, односно по истекот на предвидениот рок за реализација на оваа кампања, сопствениците на домашни миленици за микрочипот ќе треба да платат по 800 денари.

– Микрочипирањето е безбедно и безболно за милениците. Микрочипот содржи информации за сопственикот на миленикот, расата на кучето, полот, возраста и за тоа дали и кога е вакцинирано против болеста беснило. Списокот на ветеринарните друштва со кои Агенцијата има склучено договор за реализација на оваа кампања е објавен на интернет страната на Агенцијата – www.fva.gov.mk. Сопствениците на миленици можат да одберат кај кое ветеринарно друштво ќе го микрочипираат својот миленик, наведува Агенцијата.

Кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците е дел од тригодишната стратегија што ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство за да се обезбеди здравствена заштита и благосостојба на животните, да се поттикне одговорното сопствеништво и да се намали бројот на кучињата скитници по улиците низ државава.

АХВ досега има евидентирано 9.200 домашни миленици.

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски