АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека во согласност со член 62, став 3 од новиот Закон за инспекцискиот надзор, кој е во сила од 1 јануари 2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.

– Постапувањето по иницијативитем кои се уредно поднесени, ќе се реализира во согласност со процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ. Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт-форматаПОДНЕСETE ПРЕТСТАВКА, објавена на интернет-страницата на Агенцијата (https://fva.gov.mk/mk/contact/podnesete_predstavka), електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ на соодветен образец за поднесување иницијативи – стои во соопштението.

Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење инспекциски надзор.

Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот, кој треба да ја прецизира/дополни во рок што не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок, ќе се смета дека таа е повлечена.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он