И денеска, на денот на просветителите се организира протест против екстерното тестирање.
„Заедно да се избориме против екстерното тестирање!“ под ова мото точно напладне пред споменикот на Мајка Тереза во Скопје ќе започне протестотна младите.
Веќе неколку дена учениците го изразуваат своето незадовослтво и аргументи зошто треба да се укине екстерното оценување.
На Фејсбук се формирани неколку групи за организирање и повик за протестот.
Советите на родители од осум основни училишта од општина Карпош повикувајќи се конвенцијата за права на детето на Обединетите нации бараат од Владата и сите надлежни институции да го одложат екстерното оценување за идната година.
Во неколку градови во Македонија и вчера имаше протести.
Се огласи Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, и апелираше учениците да не потклекнуваат на провокациите пласирани, како што велат, од одредени опозициски партии.