А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Внатрепартиска војна во ДУИ: Дилетантското однесување на извршната власт на чело со Груби предизвика пасивност кај гласачите

by А1он24/09/2022 - 19:1624/09/2022 - 19:202481
Share0

Бараме од претседателот на партијата, Али Ахмети, да го искористи својот политички и статутарен авторитет, за да најде решение за зачувување на партиското единство, се вели во реакцијата потпишана од Изет Меџити, Висар Ганиу, Муса Џафери, Невзат Бејта, Блерим Беџети и уште неколку истакнати членови на владејачката ДУИ. Групата денеска до медиумите испрати реакција за состојбите во партијата во последните две години. Тврдат дека во партијата не постојат и не се формираат статутарните партиски органи, дека политичкото одлучување станало индивидуално, како и дека не постои дебата и консултација со партиските бази.

Добивај вести на вибер

– Во ДУИ веќе нема дебата и консултација со партиската база. Кадровските решенија се привилегија само на Артан Груби. Речиси две години нема отчет за работата на Владата и политичката програма. Поради нефункционалноста на организираниот живот на ДУИ, констатираме дека има пад на поддршката за партијата (последните избори во Тетово). Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Артан Груби, предизвика незадоволство, револт и пасивност на структурите и гласачите“, пишува во писмото и се истакнува големиот револт на најзаслужните членови на партијата за нејзините досегашни победи се вели во писмото.

Во последниве две години партиските органи не се активни, одлучувањето стана индивидуална сопственост, не сме веќе добро организирана и структурирана партија.

– Демократската унија за интеграција не е само политичка партија, ДУИ е вредност која 18 години ги чува и унапредува правата на Албанците, отворено семејство со внатрешни консултации, без индивидуални привилегии, со статутарни тела и со континуиран раст на изборното тело. Како таква, партијата дефинитивно треба да ја вратиме таму каде што припаѓа.

Потписниците бараат политичка дебата внатре во партијата за надминување на оваа состојба и одговорност и отчетност од носителите на извршната власт. Тие бараат претседателот на ДУИ, Али Ахмети, да ги искористи своите политички и статутарни овластувања и да најде решение за зачувување на партиското единство, се вели во писмото.

artan grubiduivisar ganiu

Би можело да ве интересира

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 10:09

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Катерина Ѓуровски21/04/2026 - 11:26

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

Катерина Ѓуровски21/04/2026 - 10:41

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 10:5018/04/2026 - 10:50

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски17/04/2026 - 09:15

Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата

Горан Наумовски16/04/2026 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто