ВМРО-ДПМНЕ овој пат ќе го донесе Законот за земјоделство

Од:

Заврши собраниската комисија за земјоделство на која се разгледуваше измената и дополнувањето на законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.

На комисијата повторно не беше прифатен ниту еден амандман од вкупно пет амандмани кои ги поднесе опозицијата, а кои се однесуваа на поголема транспарентност на доделувањето на субвенциите, извештај на министертвото за земјоделство за реализирање на програмата за финансиска подршка до Собранието и најважниот амандман за навремена исплата на субвенциите.

-Со сите овие амандмани сакаме да го подобриме законот за земјоделство и рурален развој со што земјоделците и агробизнисмените навреме ќе ги добиваат субвенциите. Ова не е само наше барање, тоа е барање на сите претседатели на здруженија, асоцијации и синдикати кои со години апелираат до Владата субвенциите да ги добиваат тогаш кога им се најпотребни, а со тоа и ефектот од трошењето на народните пари ќе биде позитивен и ќе имаме поголем развој на земјоделското производство-рече Панче Орцев од СДСМ.

На ова Ромео Тренов од ВМРО ДПМНЕ одговори дека нема потреба од усвојување на овој амандман бидејќи крајниот законски рок е до 30 јуни, а со тоа се запазени и европските правила.

-Не прифативме ниту еден од вашите амандмани затоа што сметаме дека вака предложените измени се добри и овој пат ќе се собереме сите од ВМРО ДПМНЕ и ќе го изгласаме законот, независно како ќе гласа ДУИ-реплицираше Тренов
На ваквата констатација пратеничката Ленче Николовска го праша Тренов зошто тоагаш не се собрале пред две недели и не го изгласале законот.

-Две недели ја малтретиравте јавноста со пресови и контрапротести обидувајќи се да ја префрлите одговорноста на опозицијата дека таа е виновна зошто законот не се донесе. Излезе на виделина сета ваша игра заедно со коалициониот партнер ДУИ со која ги омаловаживте земјодлеците и го пролонгиравте рокот на исплата на субвенциите-рече Николовска.

Измените на законот за земјоделство и рурален развој најверојатно на седница ќе бидат утре.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници