ВМРО-НП: Загадувањето предизвикува тешки пореметувања по здравјето на граѓаните

Од:

„ВМРО-Народна партија е загрижена од секојдневните информации за степенот на загаденост на воздухот во Р.Македонија, а пред се во градовите Скопје, Тетово и Битола. Од оваа состојба која предизвикува тешки пореметувања по здравјето на граѓаните, дури и со фатални последици по некои од нив, сите во Р.Македонија се крајно загрижени, освен оние кои имаат обврска да не заштитат од оваа елементарна непогода.

Иако оваа драматична состојба со загадувањето на воздухот во Р.Македонија трае подолго време и е ударна вест на сите светски агенции, надлежните институции, а пред се министерството за здравство, упорно молчи. Бараме од Тодоров да се изјасни дали се чувствува одговорен за неговата основна функција која подразбира грижа за здравјето на граѓаните. Дали, не дај боже со првата жртва од загадувањето, во неговото министерство и Владата ќе се запали црвеното светло за аларм.

ВМРО-Народна партија заради сериозноста на проблемот очекуваше итна соодветна  реакција на горе прозваните институции. Но, очигледно е дека во министерството, во Владата на РМ и кај градоначалниците, не постои добра волја и доволен стручен капацитет кој ќе може да се справи со оваа кататасрофа. Опасноста по здравјето на граѓаните е општа и неселективна и заради тоа:

ВМРО-Народна партија предлага да се формира наднационална и надпартиска комисија составена од домашни и странски експерти по оваа проблематика, која најпрво ќе ги утврди вистинските причини и носителите  кои ја доведоа земјата до оваа состојба. Потоа, врз основа на нивниот стручен капацитет  што го поседуваат, ќе предложат соодветни мерки за елиминирање на штетните последици од загадениот воздух кој секојдневно ги трујат граѓаните, а пред се децата на Р.Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто