ВМРО-НП од самиот почеток принципиелно го подржува процесот на лустрацијата во Р.Македонија, но при тоа критички се однесуваме кон работата на комисијата која е под директно влијание на владеачката ВМРО ДПМНЕ.
„За жал досега под удар на лустрацијата се наоѓаат само членови на бившата комунистичка власт. Тука препознаваме многу поедници кои жестоко се бореа и спротивставуваа на првиот претседател и основач на ВМРО ДПМНЕ г-динот Љубчо Георгиевски во времето кога тој ја воскреснуваше идејата за независна и самостојна Македонија.
– ВМРО-НП од самиот почеток инсистира дека за нас е многу поважно да ги видиме во јавност соработниците на УДБА и ДБК од времето кога се формираше токму ВМРО-ДПМНЕ.
– Добра основа за почеток е досието „РАШОМОН“ од кое сите ние ќе можеме многу да научиме и затоа ВМРО-НП инсистира истото под итно да биде разгледано на првата наредна седница на комисијата за лустрација и потоа според законската регулатива да и биде дадено на увид на целата македонска јавност.
– На овој начин лустрациската комисија за миг би ги оставила настрана бившите комунисти и препознатливи соработници на тогашниот систем и би ги разгледала досиеата на основачите на ВМРО ДПМНЕ.
– Сметаме дека многу поважно за македонската демократија ќе биде да ги видиме тие кодоши кои во времето на формирање на ВМРО ДПМНЕ и независноста на Македонија само декларативно се залагаа за плурализам и демократија, а всушност одвнатре се обидуваа да го разнебитат и ВМРО ДПМНЕ и македонската држава спроведувајќи ги директивите на тогашната УДБА и ДБК во насока на минирање на идеите и визијата на лидерот Љубчо Георгиевски“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.