„Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Јегуновце упатува апел до новата Влада да во што поскоро време донесе одлука за рестартирање на погоните на фабриката „Југохром“.
Колку за потсетување, погоните беа исклучени уште во ноември 2016 година, не навлегувајќи дали тоа е поради сомнежите дека „Југохром“ е причинителот борј еден за загадувањето во Тетово и тетовско или пак можна политичка игра на претходната власт факт е дека од оваа ситуација најмногу трпат вработените и жителите на Општина Јегуновце кои крпат крај со крај од платата на комбинатот.
Затоа уште еднаш, општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Јегуновце бара што поскоро, доколку е политички проблем, прашањето со “Југохром“ да се реши и повторно се активира односно повторно се вратат на работа илјадниците работници“ се вели во соопштението на ОК ВМРО-НП Јегуновце.