ВМРО- Народна го честита Денот на независноста на Македонија

Од:

Сонот кој го сонуваа нашите предци низ времето, сите генерации, сите Македонци, денес е реалност.

Уште од почетокот јасно се залагавме за независност. Денес, среќни сме што имаме свои државни симболи, своја војска, своја валута, свои спортски репрезентации, нешто што е најголемото богатство за еден народ.

Во изминативе 21 година имавме доста подеми, но за жал и падови. Македонскиот народ, како пиреј, поминал низ сите препреки. Нашите срца, денес нека бидат полни со гордост, здрав патриотизам и надеж. Надеж дека Македонија ќе слави уште многу јубилеи.

Надеж дека ќе одиме во вистински правец и надеж дека на идните генерации ќе им подариме живот и земја каква што заслужуваат.

Нека ни е честит Денот на независноста!

Да живее Република Македонија!

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска