ВМРО-ДПОМНЕ: Заради неспособноста на власта покрај струјата ќе се покачи и цената на парното

Од:

Заради неспособноста на власта покрај струјата ќе се покачи и цената на парното велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Власта ги испразни хидроакумулациите во лето и продаваше ефтима струја, за сега кога струјата руши рекорди да увезува скапа струја. Загубата е десеткратна. Наместо да копа јаглен, власта распипуваше непотребни тендери во РЕК, а сега краде струја од Европа па плаќа пенали во милиони евра. Кога државите низ светот и регионот работеа на снабдување со гас, власта не мрдна со прст. Сега како последица на тоа има најава за зголемување на цената на парното. Власта е неспособна да менаџира со енергетскиот сектор. Државата секој ден е во се подлабока криза, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Од утре парно греење за корисниците на АД ЕСМ

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ