ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ поднесоа барање во Собранието за јавна расправа за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Од:

​Пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа барање за одржување јавна расправа со цел анализи и утврдување потреба од изменување на законските прописи за зголемување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, објави на Фејбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

– Очекуваме поддршка од сите пратеници во Собранието и да ги надминеме системските проблемите со кои се соочуваме изминатите години, стои во фејсбук-објавата на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, за којашто соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

На барањето што е поднесено до собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, потпишани се пратениците Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Карапејовски од ЗНАМ и Мерита Колчи Кочаџику од „Вреди“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски минатата недела најави дека најверојатно в петок во Собранието ќе се одржи јавна дискусија на која би се разгледувале можностите за законски измени околку заострувањето на казнената политика во сообраќајот.

Стојаноски во петокот информира дека имале разговори внатре, во пратеничката група заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. – Неговиот став е дека треба да се проверат оние членови во законите кои ги детерминираат казните за овие дела бидејќи вака како што се поставени некој судија може да ги толкува на еден или друг начин и веќе во понеделник ќе почнеме со постапка за организирање на јавна дискусија за да можеме ова прашање да го отвориме пред Собранието. Таа експресно брзо ќе се случи, веќе наредната недела. И да видиме како овие членови би се промениле со цел ваквите деликвенти да бидат соодветно казнети, за овие дела повеќе да не ни се случат. Најверојатно во петок ќе се одржи јавната дискусија, рече Стојаноски во гостувањето на Телевизија Сител, прашан за коментар со случајот со смртта на Фросина Кулакова и протестите што се одржаа.

Тој потенцира дека сакаат да се интервенира во законите со цел, како што рече, да се одземе можноста за различно толкување и да не се случува повеќе прогледување низ прсти за тие кои имаат кој да ги извади или врски во правосудството.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“