ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се шета низ Европа да гледа фудбалски натпревари и безмилосно го цеди буџетот на Центар

Од:

„Андреј Жерновски и СДС за овие 4 години немаат реализација на ветените од нив капитални инвестиции во Општина Центар.

Андреј Жерновски и СДС во рок од 4 години колку што се на власт во Центар имаа на располагање верувале или не 100 милиони евра пари на граѓаните на општина Центар. Нивната расипничка и неодговорна политика се покажа на виделина.

Нема ни трага ни глас од најавената гасификација која требаше значително да им го подобри животот на граѓаните и да им ги намали сметките. Неспособноста на СДС и Жерновски е видлива. Наместо да се посветеа да го исполнат и ова ветување, гледаме како претседателот на Советот, Шиповиќ кажува дека Жерновски во четири годишното владеење се шета низ Европа да гледа фудбалски натпревари и безмилосно да го цеди буџетот на Центар заедно со неговите најблиски соработници.

Граѓаните на Центар со право прашуваат каде се нивните 100 милиони евра. Зошто со дел од парите не им се помогна на жителите на Маџар Маало да добијат соодветна инфраструктура. Зошто на жителите на Дебар Маало не им се овозможи повеќе паркинг места. Зошто на жителите на Кале не им се реши долгогодишниот проблем со водовод и канализација.

Граѓаните од општина Центар знаат дека Жерновски и СДС не ги реализираа проектите што ги ветија ниту пак имаат намера да ги реализираат нивните ветувања во иднина. Тие се пример за неодговорна и крајно расипничка власт. Неспособноста, недоволната посветеност и индициите за корупцијата се главната одлика на Жерновски и СДС.

Заради ваквото однесување, неработењето и неодговорноста кон граѓаните одговорот ќе стигне на 15-ти октомври. Центарци никогаш повеќе нема да дозволат да бидат изманипулирани. Центарци на 15-ти октомври ќе им кажат НЕ на Заев, СДС и нивните неспособни кадри“, изјави Горан Богдановски, советник во Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус