ВМРО-ДПМНЕ: Заев три пати лаже дека ја разбрал пораката

Од:

Колку пати Заев тврдеше дека ја разбрал пораката, за на крај да излаже за да краде? Заев тврдеше дека ја разбрал пораката во 2019 година, кога доби и метла во метафоричка смисла да се реформира. Не само што не се реформираше, туку му се случија Ден Дончев и туцето пари, Рашковски и местените тендери, криминалите во РЕК, и наместо во затвор сите се на слобода порачуваат во соопштение од ВМРО-ДПМЕН.

-Заев тврдеше дека ја разбрал пораката и во 2020 година. Но што се случи? Тргнаа со Филипче по провизии од вакцини, исчезна името на Вице од кривична пријава за рекет во РЕК.Заев тврдеше дека ја сфатил пораката на народот и во 2021 година. Но што се случи потоа. Му изгореа 14 луѓе живи, а наместо одговорност од Филипче тој рече дека кабелот е виновен. Заев три пати лаже дека ја разбрал пораката, а за ниту еден криминал нема одговорност се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче