А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев прифати промена на Уставот, идентитетот и јазикот

by А1он28/06/2018 - 09:10636
Share0

„Зоран Заев е товар кој ја обременува и влече надолу Република Македонија. Државата остана надвор од структурите на ЕУ поради неспособноста на власта.

Добивај вести на вибер

СДСМ во својата изборна програма ветуваше датум за почеток на преговори до крајот на 2017 година и излажа. Зоран Заев лично ветуваше дека мора да се брза со ратификацијата на капитулантскиот договор за промена на името во Собрание, за на самитот на ЕУ на 26 јуни државата да добие зелено светло за безусловно отпочнување на преговори. Заев излажа.

Зоран Заев и СДСМ повеќе од една година ги лажат граѓаните. ЕУ јасно порача дека за почеток на преговори единствено клучно е спроведувањето на реформите, а не продажбата на името.

Македонија повеќе од една година тапка во место. Корупцијата е на високо ниво, институциите и судството се партизирани, а криминалот на картелот на власт метастазира. Оваа неспособна влада не ги исполни критериумите и тоа е констатирано.

Зоран Заев наместо на реформи и проекти од корист на граѓаните се посвети на продажба на државните интереси. Додека државата пропаѓа на економски план поради неспособноста на власта, Зоран Заев склучува штетни договори, со кои Република Македонија се понижува.

Зоран Заев нанесе непроценлива штета на позициите на државата. Зоран Заев прифати промена на Уставот, идентитетот и јазикот. Зоран Заев создаде национална катастрофа.

Република Македонија со СДСМ на власт доживува само порази. Нема човек кој е задоволен, и живее подобро било да е во образованието, земјоделието, јавната администрација, бизнисот, или здравството. Штетите ги трпат и пензионерите и младите кои што се најмногу погодени и веќе не ја гледаат иднината и си заминуваат.

Државата не смее да продолжи по овој пат. Пропаста мора да се запре. Република Македонија заслужува подобро. Државата мора да оди напред. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmneimetoZaev

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто