ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека надлежните институции навремено ги спровеле потребните мерки за решавање на проблемот и оти, според последните испитувања, водата во Гостивар е безбедна за пиење.

„За нецели четири недели проблемот во Гостивар целосно се реши, а СДС, наместо да ги почитува официјалните резултати, продолжува со создавање сомнежи и паника и да бара документи“, наведуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДС дека „изгубила компас“ и дека нејзиното раководство е „целосно дезориентирано“. Во соопштението особено остри критики се упатени кон лидерот на СДС, Венко Филипче, кого од партијата го поврзуваат со поранешниот премиер Зоран Заев.

„Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС и претходно, во случајот со водата во Скопје, пласирала информации кои, како што велат, биле демантирани со релевантни податоци и докази.

Партијата оценува дека прашањата поврзани со водата за пиење, здравјето и безбедноста на граѓаните не треба да се користат за „политички игри“ и порача дека граѓаните можат да бидат спокојни.

„Водата за пиење во Гостивар, а и во Скопје, е исправна и безбедна за пиење, а институциите продолжуваат одговорно да се грижат за нивното здравје и безбедност“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека политичките несогласувања не треба да бидат причина за создавање дополнителен хаос и несигурност меѓу граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ