ВМРО-ДПМНЕ: Заев не е способен да направи било каков договор кој би бил во корист на Македонија

Од:

Заев да каже дали на маса е бугарската декларација, за на мала врата да ја поништи нацијата. Бугарската декларација го негира македонскиот идентитет, историја и јазик. Тоа Заев во минатото јавно неколку пати и го прифатил велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев јавно кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се исти и дека зборуваат ист јазик. Заев кажа нешто што најголемите бугарску националисти не можеле ниту да го замислат. Заев удри и по темелите на македонската историја. Заев јавно кажа дека Делчев е личност на заедничката историја. Заев ги урна македонските позиции. Тој погази по црвените линии на државата, и сега откако ги сруши позициите глуми преговарач. Заев не е способен да направи било каков договор кој би бил во корист на Македонија, се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?