ВМРО-ДПМНЕ: Заев молчешкум ја одобрува агендата на Села

Од:

„Зијадин Села, човекот од кого зависи Парламентарно мнозинство на СДСМ и тиранската влада на Заев на изборите пред своите гласачи се обврза дека никогаш нема да се откаже Македонија да стане бинационална држава или во спротивност ќе бара федерализација на државата.

СДСМ и Зоран Заев одат по тенок мраз и не се откажуваат од Тиранската Платформа и упорно со тоа ја носат Македонија кон работ на бездна.

Истиот тој Зијадин Села го слушавме од изборен митинг во Гостивар како ветува дека ќе ги брка Македонците од работа, како технолошки вишок со што ќе ослободува места за Албанците од тој крај.
Веќе подолг период гледаме како Заев молчешкум ја одобрува агендата на Села само за да ги добие неговите три гласа во Собранието и покрај изјавите дека Села не ги признава македонското знаме и химна, но и дека македонската нација не постоела. Аболицираниот криминалец Зоран Заев заслепен од потребата за власт е спремен Македонците да ги продаде и да ги напраави кираџии во сопствената држава.

Уценетиот криминалец Зоран Заев ќе остане запамтен во историјата како човек кој од лукративни мотиви ја иницираше дебатата за овие прашања и ги стави на маса највисоките државни и национални интереси.

Аболицираниот Зоран Заев водејќи се од жедта за власт и пари ја распродава Македонија.

Заев и криминогеното раководство на СДСМ со цел да му се додворат на радикалот Села го активираа и Питер Ванхауте, човекот кој што го навредуваше и потценуваше македонскиот народ, под маската на дипломат. Сега и тој отворено зборува за редефинирање на Република Македонија.

Албанската пратеничка, Месила Дода јавно пред сите се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида.

Аболицираниот Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ ниту еднаш не ги осудија овие изјави на Села и Дода. Молчеа и сеуште молчат. Исто како што не ги осудија и изјавите на Трифун Костовски кој што им го одзеде правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да се изјаснуваат околу иднината на земјава.

ВМРО-ДПМНЕ останува на својата принципиелна понуда. Доколку СДСМ се откаже од Тиранската Платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада.

Доколку сепак Заев толку ја почитува Платформата од Тирана нека излезе со неа на избори како своја предизборна програма со која ќе ја бара поддршката од граѓаните“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски