ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче признаа дека свесно одеа на жртвување човечки животи за да реализираат неточен попис

Од:

„Со денес објавените мерки, Заев и Филипче признаа дека свесно одеа на жртвување човечки животи за да реализираат неточен попис, иако знаеја дека состојбата е алармантна и дека одредени мерки требаше да се преземат многу порано,“ изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во реакцијата на партијата на новововедените рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот.

Еве ја во целост изјавата на Лефков:

„Паднаа во вода сите нивни тврдења дека состојбата е под контрола, дека системот е добро организиран и дека нема потреба од нови мерки, како што изјавуваа пред само една недела.

Ова е уште еден доказ дека неспособната и криминогена власт директно ги загрозува животите на граѓаните на Република Македонија.

Последни сме во процесот на вакцинација, а први на листите на смртност. Состојбата ескалира со недели, но истата беше игнорирана за да може да го спроведат лажниот попис.

За свесното жртвување човечки животи заради политика и политизација мора да има одговорност. Граѓаните гледаат се повеќе и повеќе со какви некадарници си имаат работа.

Секоја измината минута во која животите на граѓаните зависат од ваква неспособна и криминогена власт носи ризик за животите на сите нас,“ рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус