ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Царовска планираат од Македонија да направат мигрантска населба

Од:

„Со доселувањето на мигрантите директно се атакува врз економската сигурност на граѓаните. Евтината работна сила ќе предизвика намалување на платите, и нови отпуштања, помалку пари за социјална помош и дисторзија на системот.

СДС, Заев и Мила Царовска планираат од Македонија да направат мигрантска населба.

Неспособниот СДС и Заев не умеат да водат грижа за потребите и заштитата на граѓаните во Македонија.

Со усвојување на Стратегијата за мигранти, бегалци и странци 2017-2020 година и акцискиот план и необисмислените чекори на владата на СДС и министерката за труд и социјална работа Мила Царовска се доведува во опасна ситуација целокупната демографска, безбедносна и економска состојба на нашата земја.

Ваквиот пристап на Заев и Царовска со градење на кампови за бегалците и давање на државјанства на бегалците и мигрантите предизвика голема загриженост и несигурност кај граѓаните. Јавноста секој ден се повеќе и повеќе се изненадува од управувањето и владеењето на СДС и Заев.

Поради негрижата на Заев и Царовска, со трајно населување на мигрантите на територија на Република Македонија може да отвори прашањето за безбедносната состојба на државата и сигурноста на граѓаните во земјата.

Мила Царовска одбива да го слушне мислењето на граѓаните во однос за населување на мигрантите во неколку општини, па затоа вчера ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за нејзина промена од функцијата министер за труд и социјална политика.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека приоритет на било која влада мора и треба да бидат граѓаните на Република Македонија и да се стават во интерес и потреба на сопствените граѓани, а со оваа Стратегија за мигранти Заев и Царовска ги маргинализираат граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да биде колатерална штета и нашите граѓаните да го трпат неуспехот од погубната политика на СДС и Заев.

Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време