А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Време е за 10-тата победа по ред

by А1он18/10/2016 - 15:41190
Share0

„И на СДСМ му стана јасно дека кога и да се одржеа изборите, изборот на граѓаните ќе беше јасен и недвосмислен, каков што бил на сите изборни циклуси во изминатите 11 години. И на СДСМ му стана јасно дека попусто бегаа од изборите, бидејќи порано или подоцна, казната од граѓаните ќе им биде доставена. И на СДСМ му стана јасно дека одговорот од народот на 11-ти декември за кризата во која ја втурна и држеше Македонија ќе биде жесток.

Следете a1on на Instagram Instagram

Граѓаните на Република Македонија се за просперитет и напредок, а не за деструкција и држење на земјата во криза. Граѓаните се за стабилна и сигурна држава, а не за нејзина дестабилизација и обиди за разорување.

Граѓаните сакаат нови работни места и многу нови инвестиции и проекти во повеќе области од земјоделие, млади, здравство, образование, социјала и пензии, инфраструктурата. Граѓаните на Република Македонија никогаш не гласале за манипулаторите и аболицираните криминалци како Зоран Заев кои во својот план имаат не само двојазичност, туку целосно редизајнирање на државата.

Граѓаните и досега силно ја поддржувале политиката на ВМРО-ДПМНЕ и борбата за создавање на уште подобра држава во која живееме, а ги осудувале и казнувале оние кои се водат по девизата „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Токму затоа и на 11-ти декември столбот на државата – граѓаните на Република Македонија ќе дадат најмасовна поддршка до сега за ВМРО-ДПМНЕ и за заедничкиот одговор до повеќе адреси, во кој ќе стои дека народот одлучува сам за својата иднина и народот одбира просперитет, нови инвестиции и работни места, а е против и ги казнува политичарите со мисија Македонија да ја држат во состојба на перманентна криза.

Време е за крај на кризата, време е да продолжиме фуриозно напред. Време е за 10-тата победа по ред, заедничка победа на граѓаните на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со изборите.

dpmneizborisdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 14:1027/09/2026 - 14:13

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 10:56

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео