ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Од:

Криминалот и корупцијата се врежани во матрицата на СДС. Со секој изминат ден на виделина излегува криминалот и корупцијата кои СДС го правеле низ институциите. Власта и управувањето на институциите им служеле единствено да ги задоволат нивните партиски потреби. Таков класичен школски пример на злоупотреба на институцијата и проневера на финансиските средства за задоволување на поединци, блиски до СДС е Агенцијата Еразмус+. Љубомир Фрчкоски, кој важи за протеже и гласноговорник на СДС за навредување и омаловажување на македонскиот народ, бил награден од Агенцијата со 200 илјади евра. Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра преку програмата „стратешко партнерство”. Два месеци по неговото назначување за ректор на еден факултет, благодарејќи на добро познатите блиски врски на Фрчкоски со СДС, институцијата го добива првиот грант во неговата историја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Скандалозно во овој грант е тоа што половина периодот додека траел проектот Фрчкоски бил амбасадор во ОН во Њујорк односно, проектот траел од 01.12.2020 година до 30.11.2023 година, а амбасадорскиот мандат му започнал од 20.04.2024.

Се поставуваат прашањата, како Фрчкоски го работел овој проект како амбасадор и кој го евалуирал? Дали некој од Агенцијата вршел контрола за тоа како се води токму овој проект и зошто проектот не бил прекинат кога Фрчкоски бил испратен за амбасадор во ОН?

Ова само потврдува дека со парите од Еразмус+ СДС го плаќале Фрчкоски за тој да одработува за нив, да ги брани и поддржува по телевизии и по потреба да вреѓа и омаловажува неистомисленици, како и македонскиот народ. Овој пример само покажува дека на СДС партискиот интерес им бил над државниот и тоа е нивниот начин на работа“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски