ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата, Ковачевски ќе биде наследник и пион на Заев

Од:

„Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата ќе биде наследник и пион на Заев. Димитар Ковачевски е копија на Заев, син на транзициски функционер – градоначалник на Куманово. Ковачевски е заменик министер за финансии кога јавниот долг отиде на 7 милијарди евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„На Ковачевски во финансии му се случи и досега најголема инфлација и економска криза како што не се памети од транзицијата, кога неговиот татко беше функционер.

Димитар Ковачевски е пиунот на Заев, и не е никаков нов кадар. Тоа е човекот кој треба да продолжи со погубните и криминални политики на СДСМ и да обезбеди заштита за семејството Заеви. Ковачевски треба да затвори очи пред рекетот на Вице, плантажите со марихуана на Трајче и криминалите на Зоран.

Ковачевски е решението за лидер на СДСМ уште пред да се одржи конгресот кој треба да биде фарса на која ќе се одглуми некаков избор.

Ковачевски е машата на Заев која треба да продолжи со Заевизмот. Сите нив народот ќе ги порази на предвремените парламентарни избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус