ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Сугарески живеат 13 фантомски гласачи

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Сашо Велески, претседател на општинската организација на СДСМ во Прилеп да одржи прес-конференција пред куќата на нивниот пратеник Горан Сугарески, доколку, како што се наведува во соопштението, смета дека „во неговата куќа живеат 13 фантомски гласачи, бидејќи во Избирачкиот список на неговата адреса се регистрирани вкупно 15“.

Велески денеска излезе со тврдење за злоупотреби и хаос во Избирачкиот список, за кој, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ја погазиле слободната волја на гласачите.

„Фабрикување скандали не е клучот да дојдете на власт. На власт се доаѓа со добивање доверба од граѓаните, а не со лажење на граѓаните. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 200.000 гласови и барајте ја во новоотворените работни места, кои во периодот од 2005 до 2015 се вкупно 204.327. Разликата барајте ја во ветените и реализирани проекти за подобрување на животот на граѓаните. Оваа разлика ќе биде уште поголема на 5-ти јуни, а тоа е единственото од што се плашите“, се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина