ВМРО-ДПМНЕ: Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што настана во моментот кога водителката прозборе на македонски јазик.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека илјадници евра биле потрошени за партиската прослава на ДУИ, на која се исвиркуваше македонскиот јазик, а и по два дена нема никаква реакција од страна на власта.

„Ковачевски, Груби и другите функционери од оваа неспособна власт треба веднаш да се оградат, осудат и извинат на македонските граѓани за скандалот со омаловажувањето на македонскиот јазик за време на таканаречената прослава. За оваа прослава се потрошија над 100 илјади евра за пејачи и гоштавање на функционерите на ДУИ во време на економска и енергетска криза. Додека во Тетово нема вода за пиење, додека десетици села во полошкиот крај газат во кал, додека во Арачиново абер нема од ветената канализација, криминалците од ДУИ и СДСМ трошат пари на граѓаните за партиски забави“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Утре прес-конференција за финансирањето на прославата за 8 Септември: Владата тврди „нула денари“, СДСМ вели дека платила Државна лотарија

A1on

ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот договор ги доделила на организации од српската заедница

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Реакција на движење ЗНАМ за Наша Македонија на изјавата на Изет Меџити

Рамковниот договор е целосно исполнет и тоа е завршена тема, изјави Мицкоски