ВМРО-ДПМНЕ: Власта бега од носење на европски закон за борба против корупцијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ тема избор на Антикорпуциска комисија.

„Криминалниот картел на власт предводен од аболицираниот криминалец Зоран Заев за година дена успеа да ја закова Македонија на дното на листата за корупција на Транспаренси Интернешнл. Македонија сега се наоѓа на 107–мото место заедно со Танзанија по индексот на корумпираност.

Само во овие неколку дена од новата 2019 година избија два коруптивни скандали кои директно се поврзуваат со функционери на власта. Во едниот е вмешана министерката Мила Царовска чиј невенчан сопруг добил 1,5 милиони денари народни пари, а во другиот е заменик министерот Јани Макрадули кај што фирмата на неговата сопруга добила 5,4 милиони денари пари на граѓаните.

Патем се распишуваат огласи за над 300 работни места во администрацијата непосредно пред избори, што е класична изборна корупција, за каква се сомничи и самиот Заев кој непосредно пред референдумот бараше фирми да плаќаат екстра пари за работниците да излезат на гласање. Со ваквите огласи само се овозможува партиски послушници на СДСМ да ја наполнат администрацијата како што е случајот мајката на Костадин Костадинов, синот на Фрчковски, ќерките на Џафери и Бејта, или синовите на Грчев или Бучковски. Народот преку повисоките даноци ќе ги плаќа коруптивните и непотистичките хирови на оваа власт.

Тоа е причината зошто оваа власт бега од донесување на европски закон за борба против корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ останува на својот принципиелен став за формирање на ефективна антикорупциска комисија која ќе се бори против криминалните тенденции на оваа власт и која нема да биде само марионета на аболицираниот криминалец Зоран Заев и екипата околу него“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

Орце Костов

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ