ВМРО-ДПМНЕ ветува: Ќе воведеме ниски даноци и 1 милијарда евра за општините

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека по доаѓањето на власт, ќе се реализираат проекти кои ќе донесат голем економски раст на Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи од Македонија економски силна и моќна држава во која граѓаните ќе имаат повисок животен стандард, а домашните компании ќе бидат стимулирани да ги реинвестираат своите добивки и да отвораат ново работни места.

Продолжението од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ го пренесуваме во целост:

За таа цел ќе се продолжи политиката на рамен данок, ќе се реалоцираат за еден четиригодишен мандат 1 милијарда евра пари од буџетот кон општините, како и ќе им се понуди на мултинационални компании од светот своите профитни центри да ги префрлаат тука во државата.

ВМРО-ДПМНЕ кај народот е препозната како партија која води добра економска политика и која се грижи за секој граѓанин да создаде поквалитетен живот и иднина.

Преку реалокација на 1 милијарда евра или 250 милиони евра годишно, општините покрај предвидените средства од општинските буџети ќе можат со овие средства да реализираат дополнителни капитални инвестиции како што се изградба на нови градинки, изградба и реконструкција на училишта, патишта, реконструкција на улици, паркови, спортски сали, нови канализациони и водоводни мрежи.

Важно е да имаме ниски даноци. И за таа цел владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи политиката на рамниот данок со што ќе им се помогне на домашните компании, се со цел да отвораат нови работни места и да ја реинвестираат својата добивка.

Дополнително, една од економските мерки која идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја реализира е токму понудата до мултинационални компании до светот за да ги пренесат своите профитни центри овде, се со цел својата консолидирана добивка да ја донесат во државата, односно за ниски даноци до 5% ќе можат да ја консолидираат нивната сопствена добивка во Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ