ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја поднесе интерпелацијата за Талат Џафери

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на утрешниот ден ќе ја поднесат формално интерпелацијата за Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија најави денеска на прес конференција Дафина Стоjаноска.

– Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење.

Таа вели дека Џафери постапил несовесно, со тоа што извршил најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, односно го прекршил членот 14 од Кодексот, со кој е уредено што се подразбира под тешка повреда на овој кодекс.

– Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори, Талат Џафери во својата работа постапува како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието, кој треба да соработува со координаторите на пратеничките групи, како што е предвидено во членот 60 од Деловникот на Собранието на Република Македонија рече Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски