ВМРО-ДПМНЕ: УЈП ги призна информациите на ВМРО-ДПМНЕ дека постоело поврат на ДДВ со лажни фактури, што правела Лукаревска и која е нејзината улога во аферата?

Од:

УЈП преку брифинзи на одредени медиуми ги призна информациите на ВМРО-ДПМНЕ дека постои лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови. Целата оваа афера е во надлежност на заменик претседателката на СДС и директорка на УЈП Сања Лукаревска. Каков претседател, таков заменик претседател, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Вистинското прашање е што правела Лукаревска? Каква е нејзината врска со оваа афера? Кои се омилените фирми на власта кои влечеле милиони евра фиктивно од државниот буџет? Дали меѓу нив има фирми блиски до СДС и ДУИ? Нема сегмент од каде оваа криминална банда не краде. Овие клептомани ќе украдат дете од мајка, а не пак да го чуваат државниот буџет. Европскиот фронт, неевропски краде. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

УЈП: Се оди со сеопфатни мерки за да се спречат неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?