ВМРО-ДПМНЕ: Таравари и СДС се на пат да го уништат македонското здравство

Од:

„Неодговорноста на владата на СДС зазема загрижувачки димензии и создава хаос, неизвесност и ризици по здравјето на граѓаните.

Масакрот во здравството кој го спроведува СДС и нивниот приврзок министерот Таравари ќе има далекусежни и сериозни последици по пациентите, бидејќи се врши директен атак врз професионалноста и функционалноста на здравствениот систем.

Одлуката за експресна смена на десетици директори на скопските клиники, болници и здравствени установи, за на нивно место да се назначат партиски потрчковци е скандалозна и претставува удар врз здравството од најдолен вид. Ова се неразумни одлуки!

Неспособноста на СДС и неодговорноста на Таравари, за жал почнуваат да претставуваат најголема опасност за животот и здравјето на граѓаните, а тоа не е добро и ќе има последици кои ќе одат на одговорност на Заев.

Професионалните кадри кои досега ги раководеа клиниките се сменети единствено само затоа што не се СДС и не му се допаѓаат на неспособниот Таравари. Трагедија за здравството е што се сменети професионалци за на нивно место да се ставаат луѓе кои во текот на студирањето фалсификувале оцени и биле избркани од факултетите на кои студирале.

Таравари го замени искусниот и докажан кадар дури и со кадри кои во својот работен век и никогаш не работел како лекар, а сега треба да глуми медицински директор.

Времето кога СДС и Таравари управувале со здравството во Република Македонија ќе остане запаметено по ликвидација на професионализмот, враќање на голема врата на партиските вработувања и унапредување во здравствениот систем по партиски клуч.

Таравари и СДС ги потценуваат лекарите специјалисти кои ги разрешија и ги разрешуваат, нивниот труд и капацитет со тоа што на нивно место поставуваат луѓе кои не се специјалисти во своите области, туку се обични лекари без специјализација.

Дури и се изживуваат врз докажани професионалци секојдневно држејќи ги во неизвесност и поигрувајќи си со нивните чувства. А, тоа се луѓе кои спасуваат живот. Тие не заслужиле секој ден да бидат под притисок и да очекуваат каква е моменталната инспирација и степен на гнев и омраза кај Заев и Таравари.

Таравари отиде до таму што со цел да му се допадне на Заев за директори на клиники назначува лични и семејни пријатели на семејството Заеви и луѓе во роднински врски со функционери на СДС.

Таравари е пример како не треба да се однесува и работи еден министер за здравство. Таравари и СДС се на пат да го уништат македонското здравство, а последиците ќе ги чувствуваме сите ние.

Заради ваквата неодговорност и неспособност, СДС многу брзо ќе се соочи со волјата политичка одговорност, уште на локалните избори заедно со граѓаните ќе го поразиме и делегитимираме СДС“, изјави Марија Андоновска.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка