ВМРО-ДПМНЕ: Таравари и неговиот тим да си поднесат оставка

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот за здравство Арбен Таравари да си поднесе оставка, бидејќи се уште нема точна дијагноза од што починале двете лица од Симница и не се знае дали е набавен потребниот реагенс и која е вирусната болест што се шири низ Гостиварско.

– Граѓаните додека се во хаоси и паника, службите на Министерството спијат. Катастрофално е министерот и премиерот да немаат обезбедено реагенси за констатирање на дијагноза. Страшно е 5 дена да немаат никаков интерес да санираат една појава на тешка болест, воопшто да не се замараат за здравјето на луѓето од Симница и Гостиварско, и наместо да покажат грижа да се обидат да го сокријат настанот, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Нагласи дека министерот Таравари дава паушални изјави од Америка додека во Гостиварско умират луѓе и сите се во страв и паника, исплашени за своите животи и животите на своите деца.

– Гостивар е загрозен опасно, ситуацијата е алармантна, а Таравари си прави екскурзии во Америка. Цел Гостивар е во паника, жителите на Симница се вознемирени и смртно исплашени, вработените во инфективната клиника во Скопје се во паника, и во право се. Заради неспосветеноста на Таравари се создаде хаос и неизвесност која ги загрози и ги загрозува граѓаните на Македонија. Најмалку што може да направи во моментов Таравари е да си поднесе оставка заедно со целиот тим, потенцира Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка