ВМРО-ДПМНЕ: Судот да ја утврди деловната способност на дезертерот Ковачевски за да се види дали неспособноста му е прогресирана

Од:

Штом Ковачевски дезертирал од служење на воен рок со тапијата за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, тогаш постојат основани сомненија, врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарнична постапка, да се поведе процес за испитување и одземање на неговата деловна способност велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Штом знаел да трча по оправданија за неспособност кога требало да одговори на повикот на државата, тогаш сега кога е Премиер треба да се утврди дали е во состојба да ја врши функцијата. Штом имал дијагноза за трајна неспособност тогаш, сега треба да се види дали НЕСПОСОБНОСТА прогресирала или е статус-кво. Деловната способност е особено важна за функцијата Премиер, па затоа го повикуваме судот веднаш да реагира се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%